🧮 За сметководители и бироа

Сите ваши клиенти. Една најава.

Порталот за сметководители ве носи во Finora на секоја фирма што ве поканила, со ниво на пристап што го избира фирмата, трага за секое дејство и потсетници за рокот за ДДВ-04.

Аплицирај за партнер →Најава во порталот за сметководители

Како работи порталот

Од покана до работа во Finora на фирмата — во четири чекори

1

Сметка во порталот

FINORA ви отвора сметка во порталот. Најавата е со лозинка и задолжителна двофакторска заштита.

2

Покана од фирмата

Фирмата ве поканува од Подесувања → Надворешен сметководител и го избира нивото. Поканата ја прифаќате во порталот; важи 7 дена.

3

Сите клиенти во лобито

Во лобито ги гледате сите фирми до кои имате пристап, со рокот за ДДВ-04. „Отвори“ ве носи во Finora на фирмата.

4

Работа во Finora на фирмата

Работите во апликацијата на фирмата. Секое ваше дејство се запишува во трага што фирмата ја гледа.

Две нивоа — ги избира фирмата

Ниту едно ниво не е администратор на фирмата.

Полн пристап

Работи во FINORA како администратор, без корисници, пристапи и административни подесувања (претплата, модули, податоци за фирмата, е-пошта, е-Наплата, сертификати).

Финансии

Сметководство, банкарски изводи и плаќања. Документите ги гледа, не ги менува.

Промената на нивото важи веднаш. Кога фирмата ќе го одземе пристапот, тој престанува веднаш, заедно со отворената сесија.

Едно биро. Сите клиенти. Еден интерфејс.

Multi-tenant дизајн направен за сметководствени бироа

🏢
Без ограничување на бројот клиенти
🔄Сите клиенти во една листа — „Отвори“ ве носи во Finora на фирмата
⏰Рокот за ДДВ-04 по клиент и потсетник 5 дена и 1 ден пред рокот
📦Групно ДДВ-04: XML за е-Даноци за повеќе фирми, во еден ZIP со резиме
✏️Клиентот внесува фактури, вие контролирате (ниво Финансии: документите само за читање)
🔔Известување во порталот кога фирма ќе го одземе пристапот
☁️Работете од канцеларија, дома или мобилен — cloud пристап преку прелистувач

Модулот Сметководство е дел од Finora

Сметководството е во истата апликација каде фирмата фактурира, прима еФактури и води залиха — налозите тргнуваат од документите.

✓
Главна книга со сметковен план * — предвнесен при отворање на фирмата
✓
Автоматски налози за книжење * — издадена фактура = генериран налог, вие само потврдувате
✓
ДДВ-04 пријава — пресметана од КИФ, КЕФ, увозот и фискалните сметки, со XML за е-Даноци
✓
Пресметка на плати со МПИН — датотека (XML/TXT) за е-Даноци
✓
Биланс на состојба и биланс на успех * — од главната книга
✓
е-Фактура вградена — испраќање и примање директно преку УЈП, без надворешен софтвер
✓
Основни средства * — месечна амортизација за сите средства на фирмата со еден клик, со налог AM
✓
Компензации и цесии * — со автоматско книжење

* Книжењето (налози во главната книга, биланси, амортизација, компензации и цесии, книжење на плати) засега е вклучено само во пилот-фирми. ДДВ-04 и МПИН датотеката не зависат од книжењето.

Пример за заработка — сметководствено биро

Колку recurring приход добивате препорачувајќи го Финора на вашите клиенти

Мало биро
10 клиенти
— ден/мес
— ден/година
Средно биро
25 клиенти
— ден/мес
— ден/година
Големо биро
50 клиенти
— ден/мес
— ден/година
Понуда за бироа

Бесплатна Finora за бироа со 5+ платежни клиенти

Сметководствено биро што има најмалку 5 платежни клиенти на Finora добива:

✓Finora за вашата фирма бесплатно — пакет Professional
✓Провизијата за клиентите што ги носите останува
  • Платежен клиент е фирма што плаќа претплата за Finora и е врзана за вашата партнерска сметка — истото броење како за нивоата на провизијата. Бројот „Активни клиенти“ во партнерскиот портал ги брои и регистрираните што сè уште не плаќаат.
  • Погодноста трае додека имате 5 или повеќе платежни клиенти. Ако бројот падне под 5, трае уште 2 месеци.
  • Услов на партнерската програма — се одобрува по апликацијата.
Аплицирај за партнер →

Помалку клиенти? Провизијата важи од првиот платежен клиент.

Најчести прашања

За порталот за сметководители и партнерството

Сметките во порталот ги отвора FINORA. Пишете ни, а потоа фирмата ве поканува од своите подесувања.

Подготвени сте?

Аплицирајте за партнер или најавете се во порталот за сметководители.

Аплицирај за партнер →Најава во порталот за сметководители

Немате сметка во порталот? Сметките ги отвора FINORA — пишете ни на contact@infotech.mk